Затоа што пред почетокот на првенството, не верувам дека повеќе од 30-тина проценти од населението знаеше дека во нашиот град се одржува таква ВАЖНА манифестација.
Како да знаат кога Светското се „рекламираше“ со А3 формат постери залепени по ќошиња, на било што – може и трансформатор.
На една локална телевизија, на анкетно прашање „Дали знаете каде се одржува светското првенство?“ луѓето само збунето креваа раменици.
Да, и додека на огромните билборди низ градот се рекламира Турција или мега-сајз паштети, светското првенство во ракомет не беше доволно важно.