Легендарното “фиќо“ уште се тркала по нашиве улици, ама се почесто го “носат“. Интереснава фотографија ни ја испрати нашиот читател Самир Бајрами.
Не можел да и оддолее на глетката на влезот од Охрид кај “петљата“, па посегнал по мобилниот и ја фотографирал рефлексно, од кола.
фиќо носи фиќо
Слична ситуација забележавме и пред некој ден овој пат на охридските улици. Тогаш кец носеше кец.
Ваквите слики зачестија на охридските улици. Да не е некоја мода?
Г. Момироски