Познато е дека водоводните и канализациони шахти во Охрид се проблем веќе години наназад. Некои се испакнати (и тоа поприлично) а некои вдлабнати во коловозот. Од пред извесно време ЈП „Проаква“ работи на „случајот“, посебно во реонот на Горна Влашка Маала каде десетици шахти се нивелираат. Мобилната екипа на фотографииве работеше на крстосницата помеѓу „Питу Гули“ и „М. Нестороски“. Проблемот го забележал еден од мајсторите кој пред неколку дена слегол во шахтата да поправа цевка.


Ако не забележевме навреме, некое од потешките возила, автобус или камион, можеше да пропадне внатре. Овде сообраќајот е фреквентен и една од главните автобуски линии поминува тука. Сега ќе биде во ред“ – не известува човекот задолжен за надзор.


Екипата ја заврши работата за неколку часа.

С. Костоски