Нуркачите од Клубот за подводни активности „Охрид“ и членовите на Нуркачкиот центар АМФОРА, традиционално ја китат новогодишната елка во водите на Охридското Езеро .
Елката висока 210 сантиметри е поставена на длабочина од 4 метри кај археолошкиот локалитетот Плоча Миќов Град, блиску до авто-кампот Градиште. Накитена е со специјални лампиони полнети со тежок матерјал и други новогодишни украси.
Ова е трета година по ред како охридските нуркачи ја украсуваат подводната елка, а целта е како што велат, традицијата во иднина да прерасне во поголема туристичка атракција со прослава на Новата Година под вода.