Викендов падна првиот снег во охридско. Забелеаа Галичица и Петрино, а снег има во делови на Дебарца и во Куратица.
Минатата зима снег во земјава немаше ни за лек, а годинава тој дојде далеку пред зимата и календарски да пристигне. Летото беше исклучително топло, а постарите велат дека тоа е знак за остра зима.
Падна првиот снег во Охридско
(фотографиите се направени во Куратица)
фото: Горан Ангелоски