Поради сушата што ја зафати земјава, нивото на Охридското Езеро од почетокот на годинава до денес опадна за 70-на сантиметри. Постарите охриѓани велат дека одамна не паметат езерото да се спуштило толку многу. На делови од крајбрежјето се појавија острови и полуострови, а водата осетно е повлечена од брегот.


островчиња испливаа од Охридското Езеро

Управата за хидрометеоролошки работи под чија надлежност се и хидролошките мерења, последен пат резултати од мерењата објави на 26 септември, кога нивото на Охридското Езеро се наоѓаше на 693,16 метри надморска височина, или еден сантиметар под нултата точка.

Ohridnews