Олимписката треска го тресе и Охрид. Додека во кинеската пестолнина Пекинг се трчаат вистински трки и се делат вистински медали, малите охриѓанчиња си имаат своја Олимпијада. Место на тартанот трчаат по бетонските паркиралишта, а наместо медали се китат со ловорики. Една таква Олимпијада затекнавме на бул. Туристичка. Слично како и на вистинската Олимпијада и тука се дава се од себе за да се победи, а на крајот сите беа задоволни што добија признанија за постигнатите резултати. Симпатично нема што.


Младите охридски олимпијци

Ohridnews