Дека охриѓани ги пратат модните трендови одамна е познато. Но, во последно време не е доволно само тие да изгледаат добро, туку и нивните домашни миленичиња ги облекуваат по последна мода.

Едно такво милениче е ова кученце кое го забележа нашата фото камера. Се шеташе на кејот како на модна писта и беше расположено за позирање.

Не знаеме дали џемперчето е рачно плетено или е купечко, но во секој случај одлично му стои.


охридските кученца облечени по последна мода

Горан Момироски
фото: Васко Бујароски