Иако календарски сме  длабоко навлезени во доцна есен, викендов Охрид беше облеан во сонце.

Пријатното и релативно топло време (12 степени) измами многу луѓе на прошетка, а голем беше бројот на тие кои убавото време го искористија за рекреација и риболов. Другите пак уживаа во прекрасните есенски бои на Охрид…


Охрид во декември…

фото: Г. Момироски
С. Костоски