Екипата на Ohridnews ја улови оваа интересна фотографија на булеварот „Туристичка“. Пајакот „грабнал“ полициски „крајслер“ но веројатно не поради погрешно паркирање, туку поради дефект. Не дека полицијата секогаш правилно паркира, ама сеуште таа издава наредба кои возила треба да се подигнат со „пајак“ возилото, кое понекогаш, како во случајов служи и за помош на патишта кога некој ќе се најде во неволја. Овој пат тоа беше полицијата.
OHRIDNEWS