Летово е тешко да се дојде до паркинг во Охрид. Така неретко можете да го најдете вашиот автомобил блокиран, но исто така и влезот од дуќанот или домот. Охриѓани на разни начини се штитат од вакви појави. Некои ставаат знаци за забрането паркирање, други поставуваат камења или други пречки, а некои интересни пораки. Една таква затекнавме на влезната врата од дуќан на влезот во Охрид. „Не паркирај касам“ стои на натписот на влезот. Не влеговме во дуќанот за да провериме за што се работи, за да не го разбудиме „ѕверот“.


Внимавајте каде паркирате!

Г.М./В.Б.