Успешната 2008 година Основното музичко училиште „Методи Патче“ – Охрид, ја заокружи со традиционалниот Новогодишен концерт што се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“. Како и на многуте натпревари и настапи во и надвор од земјата годинава, учениците од охридското музичко училиште брилираа и на завршниот концерт, за што беа наградени со долготрајни аплаузи од воодушевениот аудиториум.


Музичка рапсодија

Ohridnews