По повод 24 Мај- Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Св. Методиј, на градскиот плоштад се одржа музички хепенинг. Настапија ученици од основните училишта во градот кои се претставија со повеќе музичко сценски точки. На свеченоста  градоначалникот на Охрид, Алексадар Петрески, на 40-тина ученици добитници на награди за освоено прво, второ и трето место на домашни и меѓународни натпревари им врачи пригодни подароци во знак на благодарност за нивната афирмација на Охрид.


Признанија за наградените ученици од основните училишта во Охрид

ohridnews