Новогодишните тезги преполни со честитки и други празнични реквизити се спремни. Фалат само уште купувачи.


новогодишните тезги спремни

Деновиве поставените тезги кај Чинарот веќе започнаа со работа. На нив има од честитки до лампиони, елки и други новогодишни украси. Цените се од 10 денари (има некои честитки и повтини) па нагоре, во зависност што барате.


цени од околу 10 денари па нагоре

Нема многу купувачи велат тезгаџиите, ама рано е, за некој ден ќе биде подобро, додаваат оптимистички.


мириса на Нова година

Деновиве треба да започне и украсувањето на градот, кое според најавите ќе биде најмалку на ланското ниво, кога Охрид изгледаше прекрасно. Исто така треба да биде решена и дилемата кој ќе пее на дочекот на Нова година на градскиот плоштад. Општинарите велат дека сеуште се преговара со повеќе естрадни уметници, но како проаѓа времето така изборот е се помал бидејќи голем дел од изведувачите ги имаат договорено своите ангажмани. Каков ќе биде охридскиот избор останува да видиме.

ohridnews
фото: Васко Бујароски