Луѓево си собрале камен за ограда или цокле, го товариле, но на патот од Лескоец кон Охрид прастарата приколка не издржа под тежината и „колцето“ заедно со полуосовината искричеа по асфалтот. Возачот брзо се снајде, застана десно, па ниту едно камче не се најде на коловозот. Среќа во несреќа. По неколку неуспешни обиди да продолжат со возење, луѓето останаа само немо да гледаат во она што некогаш беше приколка и да чекаат помош.


Малер

Спаско Костоски