Маалскиот фудбал некогаш беше омилена игра на помладите, но денеска „буба марата“ се поретко се тркала по  дворовите и улиците. Нови генерации, нови видови забава, компјутери, интернет chat…

Сепак има и такви кои сеуште го негуваат маалскиот фудбал. Новиве Беками, Златани и Роналдињовци ги уловивме пред зграда во населбата „Бејбунар“ кај расадникот. Инфраструктурата стандардна, по два камења за головите и празен паркинг за терен. Изгледаат навистина симпатично, а резултатот се разбира е помалку битен ….


ретка слика: маалски фудбал

фото: Мирко Постоловски