Фудбалот е најважна споредна работа на светот, нема што. Го сакаат сите особено најмладите. Исклучок не се ниту основците од “Братство и Единство“ кои недостатокот на голови во школскиот двор го компензирале на оригинален начин. Дрвените стативи ги замениле со камења и две корпи за отпадоци. Ако веќе на децата не можат да им се обезбедат голови апелираме до јавното комунално претпријатие да постави уште две корпи за отпадоци во училиштето. Ем ќе се подобри хигиената ем головите ќе бидат исти.
корпи наместо голови
фото: Васко Бујароски