Каменот одамна не е главно орудие на човекот, но е корисен во исклучителни ситуации и денес. Најдобар пример е оваа фотографија од улицата „Димитар Влахов“ на која по невообичаеното сообраќајно решение не може да се паркира по десната коловозна лента. Бидејќи „пајакот“ не помогна во почитување на забраната за паркирање, локалната постави вертикални препреки во должина на улицата. На некои делови, како на фотографијата, е оставен простор за поминување на возилата од куќите во непосредна близина. Но, за да не им биде блокиран преминот во летните гужви, досетливите граѓани се решиле да постават камени препреки. Што поголем каменот тоа подобро. Ајде нека помине некој да го видиме.


Старото орудие секогаш актуелно

Ohridnews