Некогашниот текстилен гигант, „Отекс“ Охрид, денеска е грда слика на македонската транзиција. Соочена со големи долгови оваа веќе приватизирана компанија ни одалеку не наликува на деновите кога во погоните работеа илјадници луѓе, а производите одлично се продаваа на пазарот.
Денес повеќето погони се под клуч, машините не работат, работниците се дома. Однадвор некогаш успешната текстилна фабрика изгледа „сабласно“. Во „Отекс“ дури и времето запрело…
тажна слика во некогашниот текстилен гигант
фото: Васко Бујароски