Несовесноста и лакомоста по профит на охридските кафеанџии нема граници. По многуте реакции на медиумите и граѓаните, конечно општинските власти го „зауздаа“ незадржливиот прогрес на масите кои се закануваа да го окупираат цел Плоштад.

Имено, им беше „нацртана“ една гранична линија до каде можат да поставуваат маси и столици. Дури од инспекторите разбравме дека ги „почестиле“ со еден метар плус. Но, охриѓани не би биле тоа што се ако барем  малку не ги прекршат прописите. Иако линијата јасно кажува до каде – сепак некои столици и маси МОРА да се вон дозволеното. Едноставно – не сакаме правила! Си тераме по свое!


Уште не е исушена бојата, а веќе се крши правилото


Игри без граници со инспекцијата


Секој сантиметар плус – некој денар плус. Јака филозофија.

Текст и фото:
С. Костоски