Неколку дена пред Нова година сите институции, па ако сакате и сите луѓе индивидуално си ја оценуваат годината што неповратно ќе замине. Како им било? Што направиле? Дали напреднале? Овие прашања во повеќето случаи кај нас имаат јасен одговор – се’ е голо преживување. На фотографиите е човек што преживува од отпадоците на другите. Контејнерите се негов „извор“ на егзистенција. Иако во Охрид официјално се регистрирани само четворица бездомници, секојдневно може да се забележат „нурнати“ глави во контејнерите. Луѓето исфрлени на маргините од општеството немаат никаков избор освен да се снаоѓаат како знаат и умеат. И не се само четворица. Транзицијата „погоди“ многу семејства. Останува само надежта за подобро утре. Среќна Нова 2008.
македонска реалност
Спаско Костоски