„Не им идат умот“, ги коментира еден наш сограѓанин навиките на охридскиве угостители. За нивната „гостопримливост“(чест на ретките исклучоци) надалеку се слуша, а ништо подобри не се ни во наплатата.
Во најубавиот дел на охридското крајбрежје, во Свети Наум постојат дузина помали угостителски објекти од времен карактер. Арно ама за нив како да застанало времето. За услугата нема да коментираме зошто кој бил знае. Ај што ќе се изнервирате со чекање на порачката и со нарачаното, туку нема ни да разберете што плаќате, бидејќи фискалните сметки сеуште се издаваат рачно, од срце, па гостите нека се чудат….
Што плаќаат гостите во Св. Наум?
П.С. На влезот во Св. Наум се наплаќа паркинг и издаваат фискална сметка.
Г.М.