Нивниот живот е тежок, цигански. Нивната облека е вета, искината. Децата им се мусави и мрсулави. Немат скоро ништо, материјално. Но, нивната насмевка е секогаш искрена, весела. И имаат слобода. Можеби единствената вистинска. Ги „заболе“ и за коли и за куќи, за сметки, за работа, за хипотеки, за шефот… го имаат небото над себе и земјата под нив. Овие „јавачи на ветрот“ ги снимивме кај Билјанини, којзнае од каде доаѓаа и каде одеа.
Во декадата на Ромите, сеуште овој народ е на општествените маргини, со најмногу невработени, со најниско образование. Сепак и покрај тешкотиите – го живеат животот. Никогаш долго на едно место, само одат некаде. Затоа се толку приврзани кон своите коњи кои пак послушно им помагаат во се`.
Спаско Костоски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com