Деновиве во Охрид и други градови низ Македонија се одржува десеттиот меѓународен детски фолклорен фестивал „Св. Кирил и Методи“. Традиционално, веќе цела декада, гости и учесници од многу земји преку песни и народни игри ги претставуваат своите музика и танци. Од домаќинот град – на денешната приредба учествуваа ученици од основните и средните училишта, но своја „точка“ имаа и најмладите, од детската градинка „Росица“.

Утринава на Плоштадот се играше и пееше на најразлични начини и јазици. Видовме сплетови од Србија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Словачка, Полска, Унгарија и се разбира од Македонија. Фестивалот трае до недела, а утре гостува во Струга и Вевчани. Завршниот концерт ќе биде в недела во Универзална сала во Скопје.


Македонските претставници на фестивалот


„Пчеличките“ од Росица


Дете во полска народна носија


Црногорците се спремаат за својот настап

С. Костоски