Само два дена по нашата вест „Охридска бара“ надлежните т.е. комуналното п-тие ги засука ракавите и почна да го чисти крајбрежието од тиња и талог. Од она што го видовме, се работи за прилично голема количина алги, тиња и што не. Тракторите од „Комуналец“ до врв полни веројатно се враќаа по неколку пати за да можат да соберат што повеќе од зелената „напаст“. Добро е тоа, уште граѓани да престанат да фрлаат смет (од широк дијапазон – смоки, конзерви, па и самите канти за отпад) и нивото на водата да се поврати – ќе биде супер.


Колку за потсетување, нивото на водата во езерото во текот на оваа година се спушти за
неверојатни 70 сантиметри и беше многу блиску до критичната точка
693,10 метри надморска височина. Само повеќедневните врнежи дожд во последно време помогнаа Езерото малку да ја поправи „крвната“ слика.

Спаско Костоски