Посетата на премиерот Груевски на Охрид разбирливо го сврте внмиманието на медиумите во градот. На Плаошник во 11 ч. кога беше и најавено доаѓањето на премиерот беа речиси сите новинари од локалните и национални медиуми. Го немаше само премиерот, кој доцнеше дваесетина минути.
чекаа сите
колешките од ТВ М
АЛСАТ и НТВ
екипата на А1
чекаа и камерманите
Некои колеги чекањето го искористија да подготват извештај или да прочитаат весник:
Симон Илиески(Канал5) и Борис Георгиевски(МИА)
Сашо Нелоски (МТВ)
Јаким Каневче(МРТВ).Милчо Јованоски(Радио Охрид)
Чекањето заврши околу 11:30. Премиерот се појави во придружба на директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман кој го прошета по Плаошник каде деновиве започнаа археолошките истражувања како дел од проектот за возобновување на Свети Климентовиот Универзитет во Охрид.
Новинарите го чекаа дваесетина минути-премиерот Груевски
Г.Момироски