Покрај возачите, во иднина информација за времетраењето на зеленото или црвеното светло на семафорите во градот ќе добиваат и пешаците. За таа цел на главните семафори во градот деновиве вградени се  дигитални мерачи на време кои се поставени над семафорите за пешаци. Можеби на овој начин пешаците ќе бидат повнимателни во поминувањето на крстосниците, бидејќи неретко тоа го прават на црвено, со што го загрозуваат сопствениот, но и животите на другите учесници во сообраќајот.


Бројачи на секунди и за пешаците

Ohridnews