– Кога дојдов од Србија и се вработив во ЕМО, тоа беа добри времиња. Работевме „турбо“ и имаше редовна плата. И тоа каква плата. После се вмеша политика и се` отиде надолу. Се боктиса работата. Еве веќе неколку месеци немам плата земено. Не знам до кога ќе тераме вака.
Перо вели дека ЕМО е пред колапс. „Стотици работници се на 70 %, на неплатен одмор, на принуден, на не знам каков… И ние шо работиме, слабо со плата. Некогаш бевме гигант, сега …“ . Се жалат ама не премногу. „Ќе дојде подобро“ се надеваат и продолжуваат забрзано да работат. Градот мора да светне пред најавените самити на светски политичари.