Народецов наш напатен отсекогаш бил оригинален во своите идеи. Рекламирањето кој кај ќе стигне одамна е практика во градов. Арно ама покрај тоа што рекламниот простор „соодветно“ е избран ниту пораките не се напишани како што треба.
Други пак внимавале повеќе на содржината, ама, не и на местото за рекламирање. Па така имате реклами на бандери, трансформатори, фасади, стакла и слично. А на нив се рекламира се и сешто, од надрилекари до такси компании…
Г.Момироски