Со традиционалното фолклорно дефиле низ улиците на Охрид во 19:30 часот започна 46-от Балкански фестивал на народни песни и игри.

Годинава
на фестивалот учество ќе земат 12 ансамбли од 8 земји кои ќе ја
претстават културата, музиката, традицијата и носиите на земјите од каде
доаѓаат. Вечерва охридската чаршија беше буквално полна со играорци кои по дефилето требаше да се упатат кон Долни Сарај на свеченото отворање.


Балканскиот фестивал на народни песни и игри е меѓународна фолкорна
манифестација, која е основана 1962 година. Првобитното име на
фестивалот е ” Охридски фестивал на аматерските ансамбли на народни
песни и ора”. Свеченото отворање се одржало на 20 јули 1962 година на
градскиот плоштад.

С. Костоски
Ј. Момироска