Дека на овие простори живее досетлив народ, одамна е познато. Но некогаш неговата инвентивност посебно воодушевува, а неретко и збунува.
Ова второто дефинитивно важи за идејата на непознат граѓанин кој својот автомобил го продава за 6 цигли. Ако му била намерата да го сврти вниманието на себе дефинитивно му успеа, ама не знаеме колку помладите генерации „илјадарките“ (претппоставуваме евра) ги поистоветуваат со „цигли“, а уште повеќе збунува што задниот ветробран од автомобилот личи на „циглосан“.
фото: Васко Бујароски