На лето под жешкото сонце, на зима под дожд и снег. Вака до неодамна пристигнуваа и поаѓаа патниците од автобуската станица во Охрид.

Пред извесно време таму конечно е поставена заштитна кабина па патниците ако ништо повеќе ќе можат да се засолнат од дождот. И време беше.

Инаку локалната самоуправа пред две години најави дека на просторот кај автобуската станица ќе се гради модерен деловен комплекс. И покрај силните најави тендерот за оваа намена сеуште не е реализиран.


Патниците конечно ќе можат да се засолнат на автобуската станица во Охрид

Горан Момироски
фото: Васко Бујароски