Стаклените садови од трите соларни канделабри кои се наоѓаат во близина на пристаништето, веќе наколку месеци се полни со вода и наликуваат на аквариуми.  Поради тоа тие не можат да ја извршуваат основната функција за која се поставени и да го осветлуваат кејот. Не само што ја грдат сликата на најфрекфентниот дел од охридскиот шеталиште, расипаните канделабри  се и потенцијална опасност за минувачите доколку покрај соларната, се поврзани  и со извори на електрична енергија.


 “Аквариуми” на канделабри

Е.Е