Американската тенисерка Венус Вилијамс и на вториот тениски Гренд Слем оваа сезона, повторно ги “запали“  гледачите на трибините, поради специфичната спортска опрема што ја носеше за време на натпреварот.

За време на турнирот Аустралиан Опен, Венус беше најкоментирана тенисерка на натпреварувањето, но не поради добрите игри, туку заради дизајнот на нејзината спортска опрема. Многумина беа шокирани, бидејќи под фустанчињата можеше да се види и тоа што не треба.


Истата приказна се повтори и во првото коло од Ролан Гарос, каде Венус носеше уште пократко фустанче и тоа од тантела. Во мечот против Пети Шнајдер, гледачите не можеа да поверуваат каква гардероба одбрала нивната миленичка. Поставата на фустанот е идентична со бојата на нејзината кожа, па сите се прашуваа дали Венус е гола или носи нешто на себе?!

Ohridnews