Второлигашот од Кичево, Велазерими со убедливи 4-0 го совлада составот на Охрид во конторлниот натпревар кој двете екипи го одиграа на спортско рекреативниот центар Атина Бојаџи.
Победата вкупно втора на подготвителните натпревари кичевчани ја обезбедија со по два постигнати голови во двете полувремиња.
Претходно фудбалерите на Велазерими славеа минимално (1-0) над Струга Трим Лум, ремизираа без голови со Тетекс и Новаци, а 2-2 одиграа со тетовска Шкендија. Охриѓани во контролните мечеви го претрпеа вториот пораз. Белите изгубија од Македонија Ѓорче Петров (5-1), а ги совладаа Караорман (4-2) и Фљамуртари (3-0) со кој одиграа уште еден натпревар и заврши без победник (4-4).
Велазерими натпреварите од пролетната полусезона во Втората лига ќе ги продолжи од седмата позиција, додека фудбалерите на Охрид во Третата лига југо-запад ќе продолжат од второто место на табелата.
Фото-галерија:
Второлигашот подобар од третолигашот на Атина Бојаџи.
Мх.Постоловски