Ревијалниот ватерполо турнир кој се одржа по повод 8 септември Денот на Независноста на Македонија го врати стариот сјај на охридското пристаниште. Во минатото сите главни настани од водените спортови беа организирани на пристаништето и проследувани од илјадници гледачи. Поради моменталната ситуација со вирусот ковид -19 присуство на гледачи не беше дозволено, но луѓе застануваа и ги гледаа мајсториите на ватерполистите.

На ревијалниот турнир учествуваа ватерполисти од српскиот клуб Белградски сомови, скопските екипи Вардар и Бета и од домаќинот Охридски бранови. Организираторот организираше еден натпревар и во Пештани кој предизвика голем интерес кај сите жители или гости.

Ревијалниот турнир беше под покривителство на Општина Охрид.

OhridNews