Домаќинлукот на Вардар во Охрид не привлече охриѓани во поголем број да дојдат на „Атина Бојаџи“ за да го проследат прволигашкиот дуел со Еуромилк, кој заврши во корист на „домаќинот“ со 2-0.
Едвај 150 гледачи вклучувајќи ги и офицјалните лица беа сведоци на триумфот на „црвено црните“ во Охрид. По распад системот, кој го снајде охридскиот фудбал тешко веројатно е дека и Вардар може да ги натера пребирливите охриѓани да гледаат фудбал во живо.
Дополнителен проблем, ако може тоа да се се земе во предвид е терминот на одигрување на мечот кога голем дел од охриѓаните ги исполнуваат работните задачи.
Мх.П.