Легендата на Мото гран при трките, Валентино Роси и неговата девојка Франческа Софија Новело ги исмеаја Мауро Икарди и неговата сопруга Ванда Нара. Роси кој е голем навивач на Интер и Франческа се маскираа како Икарди и Ванда Нара за карневалот во Италија.
Икарди, Ванда Нара и Интер се топ тема во италијанскиот фудбал. Клубот му ја одзеде капитенската лента на фудбалерот, а Ванда Нара ги користи сите расположливи средства да го заштити сопругот, кој го навлече гневот од навивачите поради одбивањето на игра и лажирањето на повреда.
OhridNews