Екипата на Металург без помошта на Наумче Мојсовски и Павел Атман успеа да го совлада унгарскиот првак Веспрем со 25-23 во пријателскиот натпревар кои двата тима го одираа во „Автокоманда“.
Со победата над екстра квалитетниот тим од Унгарија избраниците на хрватскиот стратег Лино Червар ја покажаа решителноста да остават силен белег во Европа сезонава.
Ohridnews преку фотографот Емил Јовановиќ беше дел од ракометниот спектакл, на кој на крајот се радуваше тимот на Металург.
Мх.П.