Учесниците на Вториот спортски-едукативен камп „Охрид 2017“ во организација на Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ имаа прошетка низ градот Охрид и ги посетија позначајните знаменитости.

Во попладневните часови „камперите“ имаа спортски-едукативни активност во моделарство со Димитар Димитров. После добро завршените работи следуваше одбојка на плажа и капење во базенот кој се наоѓа во склоп на Хотелот Десарет.

OhridNews