Улениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“, се приклучија на глобалната кампања за поддршка на лицата со ретки болести. Во знак на поддршка, учениците од прва година и други ученици, доброволно го исцртаа заштитниот знак на кампањата за ретки болести # Show you reare, show you care.
Милиони луѓе се афектирани од ретките болести насекаде во светот и се соочуваат со тешки предизвици секој ден. Тоа што ние можеме да направиме е да ги поддржиме во нивното соочување со нив. – порачаа хуманите ученици од охридската гимназија.
Кон кампањата за поддшка на лицата со ретки болести се приклучија и учениците од ОСУ „Нико Нестор“ од Струга. По повод одбележувањето на Денот на ретки болести, 28-ми Февруари, во училиштето беше организирана изложба на трудови од ученици изработени во изминатиот месец.