Амбициозниот второлигаш Лабуништа со убедлив триумф 3-0 (1-0) над Кораб на теренот со вештачка трева во Охрид ги започна контролните средби во подготовките за престојната полусезона во Втора МФЛ-запад.

Двете екипи одиграа квалитетен фудбал, а подобар противник беше составот на Лабуништа кој постигна три погодоци. Охриѓанецот Ѓорески од пенал во 31-та минута го отвори резултатот. Во 60-та минута од мечот Неџипи зголеми на 2-0, а конечните 3-0 ги постави Мерко со погодокот во 74-та минута.

Тест средбите на СРЦ „Билјанини Извори“ продолжуваат утре со мечевите помеѓу Ренова – Гостивар односно Струга Трим Лум – Гоблен Јуниор.

OhridNews