Осумнаесетта година по ред охриѓани на празникот Св. мач. Софија, Вера, Љубов, Надеж во голем број доаѓаат во Лагадин каде се одржува црковно – народен собир.
За празникот во малата црква посветена на великомаченичките што во 2000 година ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче по повод два милениуми од Христијанството, се одржа богослужба. Tрадицонално беше осветена вода и празнична погача, а верниците кои ги носат имињата на маченичките ги почестија присутните за именденот.
Ктиторот на црквата во Лагадин собраните средства од празникот секоја година ги донира во хуманитарни цели.
OhridNews