Одамна е јасно дека во градот под Самоиловите тврдини секој прави што сака, ама има и такви кои одат чекор понатаму.
На најфрекфентната сообраќајница во Охрид, булеварот „Туристичка“ која се гуши во сообраќај, постојано се паркираат возила и автобуси на места каде не смеат ниту да застанат.
Но, возач на бугарски автобус решил дополнително да го искористи „бесплатниот паркинг“ да го освежи возилото. Со вода од реката Грашница непречено го изми автобусот сред бел дел пред да продолжи на следната дестинација.
Е па кога му се може.
OhridNews