Во екот на предизборната кампања од кандидатите за градоначалник на Охрид слушнавме големи ветувања од типот на изградба на саем, нов покриен пазар, конгресен центар и модерна автобуска станица. И додека тие расправаат за големи проекти, кои според нивните ветувања, ќе придонесат за развој на туризмот и економијата, низ улиците во центарот на градот сеуште можат да се забележат запрежни коли или како во случајов магариња. На фотографиите што ни ги испрати нашиот читател Александар, се забележува дека сообраќајниот полицаец на крстосницата кај „Охридска банка“ вчера имаше доста потешкотии да се справи со „неконвенционалните“ учесници во сообраќајот. Семафорите беа бесполезни во ситуацијата, па така регуларните учесници во сообраќајот мораа трпеливо да почекаат стопанот безбедно да ја изведе стоката на “прав пат“, во што му помогнаа и двете кучиња кои го следеа карванот. Замислете ја сценава во шпицот на туристичката сезона.
Црвено, жолто, зелено, чукш!