На пресекот помеѓу улиците „Партизанска“ и „Димитар Влахов“ во центарот на Охрид деновиве интензивно се работи на поставување ново осветлување. Старите светилки се заменуваат со нови, повисоки и помоќни ни изјавија работниците кои ги затекнавме на лице место. Старите светилки се сечат и демонтираат, а новите се поставуваат во длабочина на тротоарите.


Центарот ќе ни светне со ново светло

Ohridnews