Со воодушевување и топли прегратки од сите учесници беше пречекена Робертина Мечевска на ракометниот камп на Андреа Лекиќ во Охрид
Капитенот на македонската репрезентација и екс член на женскиот ракометен клуб Вардар е прв гостин на ракометниот камп на Лекиќ, кој се одржува во Охрид.
– Андреа и нејзиниот тим се имаат погрижено кампот да биде по светски рамки. Од ракометни стручњаци со големо искуство до физиотерапевти и кондициони тренери се е на високо ниво. Прв пат сум дел од ваков проект односно ракометен камп и ми се пројави желба да бидам ракометен тренер. Кампот за децата е одличен бидејќи ќе си отворат нови пријателства, ќе стекнат нови искуства кои ќе ги водат понатаму во животот. – рече Мечевска.
Лекиќ поранешната соиграчка од Вардар ја зеде за пример како треба да се бори еден спортист и човек за она што силно го посакува.
– Таа треба да е пример за сите. Затоа и прва ја повикав на кампот во Охрид. Многу ми е мило што полека, полека заздравува и се враќа во колосек по страотната несреќа. Со тоа таа ја докажува силата и моќта на спортот. – изјави кратко Лекиќ.
Мх.П.