Деновиве е врнежливо, но тоа не влијае значително на подобрување на лошата хидролошка состојба на Охридското Езеро кое периодов изгледа тажно.

Според утринските мерење нивото на Охридското Езеро денеска е на кота 693,18 метри надморска височина (м.н.в.), што е за 8 сантиметри над природниот медиум.

Минимална кота на Охридското Езеро е 693,10 м.н.в. а максимална 693,75 м.н.в.

Нивото на Охридското Езеро се регулира според билатералниот договор со Република Албанија склучен пред седум децении, преку испуштање на водата од езерото во реката Црн Дрим, што исто така се регулира на застарен начин со дрвени талпи.

Г.М.

Фото: А. Момироска