ФОТО: „Танец“ ја воодушеви публиката на свеченото отворање на Балканскиот фестивал
07.07.12 00:05
Со извонредна изведба на македонските ора и песни, ансамбол за народни песни и игри „Танец“ вчеравечер ја воодушеви публиката на летната сцена Долни сарај, во рамки на свеченото отворање на 51. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Љубителите на фолклорот не го криеа своето задовоството од беспрекорните изведби на професионалните играорци и многупати ги наградија со громогласни и стоечки аплаузи.
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Велјаноски, кој е покровител на оваа манифестацијата, во своето обраќање пред присутните, рече дека посебно го радува тоа што Балканскиот фестивал станува препознатлив не само во Охрид и Македонија, туку и надвор од нашата држава.
-Ова е фестивал кој заслужува и добива особено внимание и почит. Македонскиот народ низ својата историја, низ различни услови и околности настојувал, истрајувал и успевал да ги сочува својот фолклор, народната игра и песна, обичаите и традицијата и истите да ги пренесе на новите генерации. Како држава, но и како поединци треба да останеме на тој пат на истрајност во зачувувањето и развивањето на фолклорот, традицијата и културните обележја кои не потврдуваат како дел од европската култура и како дел од целокупното цивилизациско и културно наследство, рече Велјаноски.
Помеѓу многубројната публика, свеченото отворање на фестивалот го проследија и десетина гости од индиската делегација на Субрати Рој, кои деновиве престојуваат во Охрид.
Вечерва на фестивалот ќе настапат КУД ,,Иван Горан Коваќевиќ” од Загреб, Хрватска и ансамблот ,,Дом на полифонијата” од Тирана, Албанија. Третата фестивалска вечер, на 8-ми јули е резервирана за ансамблот ,,Измир’’ од Турција и ансамблот ,,Дримкол’’ од Вевчани. На 9-ти јули, понеделник ќе настапат ансамблите ,,Варна’’ од Бугарија и ,,Ваграм ‘’од Австрија. Публиката на 10-ти јули ќе може да ги проследи настапите на ансамблите ,,Подегродзие’’ од Полска и ,,Џидо’’ до Србија. Честа да го затворат фестивалот ќе ја има ансамблот ,,Кочо Рацин” од Кичево, а во рамки на завршниот концерт, свои настапи ќе имаат и гостите од Полска, Австрија и Србија. Влезот за секоја од фестивалските вечери е слободен.
Балканскиот фестивал на народни песни и игри е меѓународна фолклорна манифестација, основана во 1962 година. Над дваесетина години Балканскиот фестивал на народни песни и игри е член на двете асоцијации во рамките на УНЕСКО – Интернационалниот совет на организациите за фолклорни фестивали и фолклорна уметност и Меѓународната организација за фолклорна уметност.
Македонскиот поет, писател и ликовен уметник Владо Јаневски од Австралија е годинашниот добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга со поезија од иселеник што ја доделува Агенцијата за...
Дијана Петрова е автор на расказот „Јоанес Даубманус“ под шифра: „Фанатик“ кој беше избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“, што традиционално го распишува Општина Охрид во чест на ...
Датумот 4 август и денот кога беше одржан концертот на Ана Липша Тофовиќ што се слави како роденден на Фестивалот „Охридско лето“, по традиција секоја година нуди доживувања малку поинакви од вооби...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.