Со концерт на националниот ансамбл „Танец“, синоќа, на летната сцена Долни сарај, свечено беше отворен 55-от „Балкански фестивал“ на народни песни и игри.
Од името на градот Охрид присутните ги поздравија претседателката на советот на општина Охрид Гордана Коњаноска и директорот на центарот за култура „Григор Прличев“ Горан Стојаноски, а фестивалот за отворен го прогласи претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељановски, под чие покровителство се одржува оваа манифестација.
На сцената на Долни Сарај до 10 јули ќе продефилираат 10 фолклорни друштва од Македонија, Бугарија, Црна Гора и Австралија.
OhridNews
фото: „Мега продукција“